Саб09192020

Последна промена10:23:34 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот За расположено и добро утро

За расположено и добро утро

Сподели

Совети за убав сон и расположемо утро.

 

Легнувајте порано

Човечкиот  биолошки часовник работи во циклуси од 90 минути, а квалитетниот ноќен сон е поделен на 4-5 циклуси. Ако наутро станувате во 07:00 часот , тогаш лесно може да се пресметате кога ќе треба да одите навечер на спиење пресметувајќи  4-5 интервали од по  90 минути.

Исклучете го телефонот! Американските научници докажаа дека мобилните  телефони  емитираат  зрачење со кое се блокира мозокот за време на преминувањето кон  состојбата "Делта сон " ( состојба во која едно лице може целосно да се одмори ).

Одредете го вистинското време за туширање.  Околу 22 часот  внатрешната температура на телото природно се намалува , што е знак за мозокот да отпочне да го ослободува  хормонот мелатонин. Туширањето на  90 минути пред спиење го симулира падот  на температурата, со што се забрзува влез во состојбата "Делта сон" .

Наутро кога ќе се разбудите

Не заспивајте повторно  бидејќи ќе започнете  нов циклус на спиење од 90 минути. По новиот циклус  ќе бидете подолго поспани и потешко ќе функционирате. Наместо тоа, на звукот од алармот веднаш станете и одете на туширање.

Пијте свеж сок од портокал наместо млеко! Во текот на ноќта опаѓа нивото на шеќер во крвта во телото и на течностите во организмот што предизвикува утринска слабост и забавени движења. Сокот  од портокал ќе го елиминира тоа чувство за помалку од 10 минути.

Јадете месо и зеленчук ! Недостатокот на железо предизвикува немирен сон , чести станувања па дури и одење во сон . Значи, ако имате вакви проблеми  треба да се зголеми внесувањето на зелен лиснат зеленчук и црвено месо.

Додека спиете

23.00 – Опаѓа температурата на телото и нивото на кортизол во организмот , што предизвикува поспаност , мускулите се опуштаат и мозокот почнува да ослободува мелатонин.

23:15 – Започнува фазата" Тивок сон" што се карактеризира со кратки и динамични  мозочни  бранови.

23.30 - Мозочните бранови стануваат долги  и забавени. Колку  е бранот  подолг и побавен, толку  е сонот  подлабок.

00:30 - По влегувањето во „РЕМ фазата“, крвниот притисок  опаѓа на секои 90 минути , а тоа е фазата во која ние сонуваме .

07.00 - Во раните утрински часови , температурата, крвниот притисок и нивото на кортизол се зголемува, се зголемува фреквенцијата на мозочните бранови и отчукувањата на срцето се забрзуваат. Во оваа фаза сонот е лесен што ни помогнува  полесно да станеме.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK