Вто04232019

Последна промена11:48:23 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Ин мемориам: Почина Гоце Ангеличин Жура

Ин мемориам: Почина Гоце Ангеличин Жура

Сподели

Синоќа н 68 годишна возраст, ненадејно  почина Гоце Ангеличин Жура, познат историчар на уметност од Охрид.

Роден 1951 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, тој е првата генерација Историја на уметност и археологија во Скопје.

Прво вработување му беше  во Завод и музеј Охрид во 1980 год. Добитник беше  на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот "Св. Климент Охридски" за 2007 година. Во заводот и се пензионира во 2104 година.  Целиот работен век го посвети на истражување на црквите. Открил многу цркви, ги мапирал, но открил и многу вредни фрески уникатни од светско значење.

Посветен на професијата Гоце беше  хроничар на град Охрид. Својата библиотека ја збогатил со 15 сопствени книги, вредни дела посветени на бројните цркви и храмови , пештерските цркви, фрескоживописите, културното наследство, патеписите за Охрид.

Гоце Ангеличин Жура беше дел од рубриката „Во светот на успешните“ на Охридет. Прочитајте 

 

Жура беше секогаш расположен и отворен кон новинарите. Заедно сме ткаеле безброј важни прказни за градот Охрид. 

С.Р. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK