Вто06252019

Последна промена12:49:21 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Се одбележува споменот на Преподобен Захарија

Се одбележува споменот на Преподобен Захарија

Сподели


Денеска се одбележува споменот на Преподобен Захарија.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 март.Преподобен Захарија бил син на Карион Египќанецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши, само синот Захарија го зеде со себе, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, Захарија се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност. На прашањето на свети Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестано се принудува себеси на заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири и понизи себеси, не може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK