Сре07172019

Последна промена02:17:22 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Пожар ја „пеплоса“ Богородичната црква во Париз

Пожар ја „пеплоса“ Богородичната црква во Париз

Сподели

Голем пожар попладнево го зафати покривот на катедралата Нотр Дам, во центарот на француската престолнина, уривајќи ја шпицастата кула и испраќајќи густ облаци црн чад кон синото небо. 

 

Портпаролот рече дека целата дрвена конструкција на катедралата најверојатно ќе се урне и дека може да биде загрозен и сводот на објектот.

„Сè гори, ништо нема да остане од конструкцијата“, изјави за француските медиуми портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино. Во оваа катедрала од 12 век се чуваат непроценливи уметнички дела и таа е една од најпознатите светски туристички атракции.

Очевидци плачат и се молат во страв дека ќе ја снема Богородичната црква во Париз.

Причината за катастрофалниот пожар не е позната, но француските медиуми ја цитираа пожарната бригада во Париз, велејќи дека пожарот е „потенцијално поврзан“ со проект за реновирање вреден 6 милиони евра за шпицестата кула на црквата и нејзините 250 тони олово. Париската полиција соопшти дека нема пријавени смртни случаи.

Пламените се извиваа од покривот на катедралата, едно од најпосетуваните обележја во светот. Глетките на пожарот ги запираа минувачите по брегот на реката Сена, која поминува под катедралата.
Францускиот претседател Емануел Макрон го одложи телевизискиот говор до нацијата поради ужасниот пожар и замина кај самата катедрала. Околу 400 пожарникари водат „битка“ со пламените јазици.
Францускиот историчар Камил Паскал изјави за каналот БФМ дека пожарот уништува „непроценливо наследство“.

„800 години катедралата го чува Париз“, рече Паскал. „И среќните и несреќните настани со векови беа обележувани со ѕвоната на Нотр Дам“.Од сите реликвии што се чуваат во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам), Круната од трње и парче од Вистинскиот крст се најценетите. 


Богородичната црква или Нотр Дам (француски: Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.

За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK