Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Се слави Национален ден на Власите

Се слави Национален ден на Власите

Сподели

Влашката заедница денеска го прославува 23 мај –Националниот ден на Власите.

На 23 мај 1905 година султанот на Турското Царство, Абдул Хамид Втори го издал „Ираде” (султановиот декрет) со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, можност за избор на свои “муктари” (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и издал „Коминикето” со кое на патријаршијата и се забрануваат: националните права, правото на јазик и богослужба.Овој ден се одбележува како ”Национален ден на Власите” од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државни празници на РМ овој ден е прогласен за државен празник на РМ за припадниците од влашката етничка заедница. Република Северна Македонија е прва, засега единствена земја каде Власите се признати со Уставот како заедница, односно како дел од влашкиот народ кој е распространет на Балканскиот Полуостров и имаат право на граѓанско и политичко организирање, емисии на влашки јазик на Македонската национална радио и телевизија, имаат право на изборно изучување на предметот „јазик и култура” на Власите во училиштата, издаваат книги, списанија и организираат разни културни манифестации.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK