Нед12152019

Последна промена09:41:47 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Се слават Света Петка и Свети Климент

Се слават Света Петка и Свети Климент

Сподели

Утре и задутре се слават Света Петка и Свети Климент Охридски.

 

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. август 2019 година (четврток), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ - Охрид, по повод празникот „Преподобна маченичка Параскева (Петка)“.


На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Вечерва, огромен број верници го посетуваат манастирот Света Петка во селото Велгошти. 

Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г.Тимотеј.

09 август 2019 година (петок), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овие празници.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK