Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот ВИДЕО Репортажа: Чудата на манастирот во Рајчица

ВИДЕО Репортажа: Чудата на манастирот во Рајчица

Сподели

Во пресрет на празникот Крстовден една прекрасна репортажа од манастирот Свети Георги во село Рајчица.

 

На патот Дебар - Маврово, во чудесната живописна  природа,  на брегот на Дебарското езеро се наоѓа малиот рај на земјата -  манастирот “Свети Горѓи Победоносец” во Рајчица. Тука  ќе ве дочекаат насмеаните  лица на љубезните гостопримливи сестри.

Во овој беспрекорен мир и спокој, во послушание, денес живеат  десет монахињи ветени на испоснички живот. Посебен благодeт  за посетителите  се моштите на Свети Горѓи кои се вистинска  реткост. Сместени се  во ,Рака”  изработена од филигран, сребро и злато. Чуден е  и самиот пат   како моштите  од Света Гора пристигнаа во Рајчица. 

- Кога нашиот игумен појде во Атина таму му пристапил еден светогорски архимандрид, кој што бил ефимериј во црквата во Атина и баш со звборовите толку време ги чувам овие мошти за да ви ги дадам,  тоа беше за нас едно големо чудо моштите на Свети Ѓорги се многу ретки ,вели сестра Варвара најстарата сестра во манастирот.

Од моштите на светителот се шири волшебна  мирисна  арома, а се верува дека  со молитва и поклонение  исцелуваат  од сите болести. 

-  Кога дојде нашиот игумен со моштите во манастирот почна од  нив да се шири едно благоухание, една прекрасна миризба која од 2003 година до денес откако ги имаме постојано се чуствува. Тоа е од микромиро точењето и забележавме многу случаи каде што моштите помагаат на луѓето за исцеление на болести, вели сестра Варвара. 

Манастирот е надалеку познат и по тоа што единствено овде  се изработуваат митрите за цело православие. Вредните раце на сестрите со златна срма, бисер по бисер ги нижат митрите за Русија, Грција, Ерусалим, Африка,Романија,  Америка...

 - Досега имаме изработено преку 500 митри, имаме изработено  митри за скоро цело православие за сите наши патријарси вклучително и вселенскиот патријарх, ерусалимскиот патријарх, имаме изработено митра за бугарскиот патријарх,  за романските и за патријархот и за други владици, додава сестра Варвара.

Екипата на Канал 5 деновиве беше во Рајчица,  ги најдовме сестрите како неуморно се подготвуваат за Христовото раѓање. Неверојатно креативни изработуваат прекрасни  Божиќни пештери.

- Наместо новогодишната елка домовите свои да си ги украсат со Божиќни пештери  тоа е многу повеќе во духот на нашето православие,вели Варвара.

Манастирот во Рајчица е изграден во 17 век бил срушен од Турците,  но возобновен во 1835 година. Фрескоживописот го направиле  монах Данаил и познатиот Дичо Зоограф,  од тогаш фреските како нови се сочувани до денес. 50 години во комунизмот манастирот  бил под клуч,  подзаборавен од времето,  по заслуга на отец Партениј Рајчица, како метох на Бигорскиот манастир,  се возобнови во 2001 година.

Чудо е и тоа што кога бил возобновен монашкиот живот во манастирот почнало да тече вода од секната чешма. Тука благодетниот оган од Ерусалим гори преку целата година.

Монашкото сестринство  живее во беспрекорна слога. Секој си  ја знае својата задача. Една шие, друга вези, трета готви, и така сите  по ред. За да биде се како што треба мора да се живее во послушание, велат љубезните сестри кои зрачат со љубов и вера.

Вратите во Рајчица се отворени за сите оние кои трагаат по лек и милост божја. 

 

Новинар Соња Рилковска 

Снимател Сашо Божиноски 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK