Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот РЕПОРТАЖА: Македонското Сан Тропе раскошен подарок на природата

РЕПОРТАЖА: Македонското Сан Тропе раскошен подарок на природата

Сподели

Македонското Сан Тропе раскошен подарок на природата. 

 

Тиркизно сина и зелена езерска вода , која ја менува бојата од утринското изгрејсонце до последните зраци на магичното зајдисонце. Во езерската магија крај бистрата прозирна вода накитена со бели камења ужива  македонскиот џет сет. 

Селото Tрпејца е сместено во подножјето на планината Галичица, во една природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег од Охридското Езеро, на надморска височина од 695 - 750 метри. Трпејца се наоѓа 20 километри оддалеченост јужно од Охрид, во крајниот јужен дел на истоимената општина, а покрај селото минува патот Охрид - Св. Наум. 

Трпејца е многу старо село со богата историја, за што сведочат остатоците од минатото. Меѓу народот се верува дека името на селото потекнува од зборот трпеза, што  во време на верските празнувања биле поставувани крај некогашната тврдина, која се наоѓала на возвишението Осој (1006 м.) јужно од селото, чиј дел со остатоци од ѕидини го носи името Градиште. Селото се споменува во 1582 година под името Трпезица кога имало 50 христијански (македонски) куќи.

Денес малото селце брои стотина куќи и околу 250 жители.

На малата но волшебна плажа   љубезните домаќини користејќи се  што природата им  дарила  успеваат да ги пленат воздишките на туристите.

Со векови населението се занимавало со риболов, кој бил основниот извор на приходи. Жителите на Трпејца заедно со пештанци од секогаш биле познати риболовци. Порано од секоја куќа во Трпејца имало најмалку по еден рибар. Трпејчките рибари ја продавале уловената риба на охридските трговци.Во поново време се лови значително помалку риба од порано па жителите на  селото се ориентираа  кон вработување во Охрид.

Денес главно занимање е сточарство, риболов и туризам. Локалните селски куќи се преадаптираа за потребите на туристите се издаваат како апатмани за големиот број гости од земјава и страство. Се изградија и нови вили и многу ресторани кафетерии и пицерии. 

За жал македонското Сан Тропе и оваа сезона ја мина со куп  стари проблеми. И летово  бројните туристи  ги дочека без колекторски систем, амбуланта, но и со   проблеми со водоснабдувањето, електричната инсталација и канализацијата.

Иако Трпејца важи за едно од најатрактивните места на  охридското крајбрежје, надлежните не смогнаа сили да ги решат комуналните проблеми. Фекалии и ден денес се влеваат и ја загадуваат една од најубавите плажи. 

-  Немаме ни банкомат, ни пошта, ни амбуланта доктор не иди во нашето село. При толку туристи летна доба човекот треба да оди го град или до Пештани за еден притисок или една инекција, вели жител на Трпејца.

- Трпејца и во денешно време се соочува со еден тежок проблем со колекторот иако сме на брегот на езерото и апелираме да го заштитиме езерото надлежните не превземаат ништо,  вели жител на  село Трпејца.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 303 жители, сите Македонци.
Селото Трпејца од секогаш па сѐ до денес е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. За стари родови од Трпејца се сметаат: Короновци, Филовци, Параловци, Ширевци и Ќеровци. Сите родови се староседелци во Трпејца и нивна куќна слава е Свети Никола. Во родот Короновци се знае и фамилија Симоноски која и е најстара фамилија во Трпејца. Се знае дека постои од 1770 година. Основоположник е Симон. Негови потомци се: Ѓорги, Климе, Петре, Зоран, Петар.

Во селото Трпејца работи само  основно училиште до IV одделение, настава посетуваат неколку деца. 

Кој бил знае за убавината на Трпејца, кој не бил  задолжително да дојде. 

Соња Рилковска

Фотографии 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK