Вто02182020

Последна промена12:52:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Интелигентните покасно си легнуваат?

Интелигентните покасно си легнуваат?

Сподели

Едно интересно истражување покажува дека луѓето со поголем коефициент на интелигенција се поактивни во текот на доцните часови и покасно си легнуваат.

Ова истражување доаѓа по низата слични проучувања на конекцијата меѓу сонот и интелигенцијата. Сатоши Каназава и неговиот тим од Лондонското Школо за Економија (London School of Economics) открија дека тајмингот во кој луѓето одат во кревет е во тесна поврзаност со нивниот коефициент на интелигенција. Тоа го покажува и следењето на нашите корени. Познато е дека нашите предци биле повеќе “дневни” луѓе, но со развојот на ноќните активности дојдено е до “нова еволутивна преференција” на која повеќе се склони интелигентните луѓе. Оваа студија е спротивна со општо прифатеното мислење дека “светот припаѓа на оние кои рано ранат”, како и досегашните истражувања кои тврдат дека оние кои се будни доцна во ноќта најчесто се несигурни луѓе, емоционално нестабилни и склони кон депресија и разни зависности. Сепак, докажано е дека недостатокот на сон може да предизвика хипертензија, дебелина и намалување на животниот век, додека поспаноста, од друга страна, ја намалува менталната способност и често доведува до сообраќајни несреќи.

извор:Шило

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK