Саб09192020

Последна промена11:16:16 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Јапонката која го открила изворот на младоста Масако Мизутани

Јапонката која го открила изворот на младоста Масако Мизутани

Сподели

Извор на вечната младост и убавината е (можеби) конечно најден и неговата тајна ја открива Masako Mizutani. Масако е домаќинка и мајка која живее во провинцијата Нагоја во Јапонија и, верувале или не, има дури 45 години. Изгледа како да нема повеќе од 20 заради што постана популарна во целиот свет.

 

Во 2009 за прв пат се појави на телевизија, делејќи ги своите тајни и совети како да се задржи и успешно да се одржува младешкиот и атрактивен изглед. Многу брзо, стана идол на средовечните јапонки и на другите азиски жените. Подоцна следеле и професионални модни ангажмани, и Masuko редовно ги краси насловните страници на различни магазини и списанија низ Азија, како и на страниците на веб порталите. Карактеристична појавата на девојка-кукла и обезбеди добро платена и популарна работа, која ја посакуваат многу двојно помлади девојки. Која е тајната на нејзиниот изглед ? Тајната на нејзиниот успех лежи во фактот дека за нега на кожата , лицето и телото секојдневно одвојува, ниту повеќе ниту помалку, туку пет часа! Таа вели дека "годините не можат да се сокријат но може да се старее гордо и елегантно. Исто така , прикривањето на годините не е моментално решение и може да се има помлад и поздрав изглед само со одреден напор. " Masuko ни го открива нејзиниот рецепт

1.Внимавајте и негувајте го вашето тело Редовни вежби, активно тело и ум се нешто што треба да се практикува секој ден за да се чувствуваме и да изгледаме млади. Исто така, квалитетниот сон и животот без цигари – се работи кои помагаат да се задржи виталната и младешка кожа.

2. Правилна исхрана Пожелно е да се јаде здрава храна, како овошје и зеленчук, млеко, ореви, со цел да се постигнат најдобри резултати и правилно да се храни и негува кожата. Масако препорачува 4 мали порции храна дневно и е следбеник на вегетаријанска исхрана уште од рана возраст.

3 Нејзиното височество - Вода Препорачливо е да внесувате многу вода и течности со цел да се ослободите од повеќе токсини во телото. Исто така, водата помага во смирување на промените и иритацијата на кожата.

4 Вистинска шминка Како што поминуваат годините, се препорачуваат шминки во посветла боја бидејќи тој make- up и ги одзема годините на жената и ја подмладува. Избегнувајте темни сенки за очи, кармини и руменила. Пастелни нијанси, мек сјај и руменило во праска тонови се полн погодок. Исто така, не одете надвор без крем со заштитен фактор како би ги минимизирање штетните ефекти на сончевите зраци и обврзно отстранете ја целата шминка од вашиот лице пред спиење.

5 За нега на кожата Неопходно е редовно одржување, чистење и хидратација на кожата, за да ја заштитиме од штетните надворешни влијанија. Покрај тоа, важно е да се користи крем со витамин Е и на лицето и телото со цел да се обезбеди мекост на кожата, мазност и младоликост. Масако, исто така, препорачува употреба на dermaroler која им помага на козметичките состојки да навлегуваат длабоко во кожата и ја поттикнуваат синтезата на колагенот и регенерацијата на кожата. На крајот, веројатно заклучувате дека не открила топла вода ниту ништо ново, тие се сите здрави и логични совети. Иако гените сигурно одиграле голема улога, ако навистина се задржите на овие овие строги режими, можеби дури и резултатите нема да изостанат. Вреди да се проба.

Извор:http://www.ogledaloonline.hr/ogledalo/japanka-koja-je-otkrila-izvor-mladosti-masako-mizutani

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK