Сре08122020

Последна промена11:40:09 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Благодетниот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе биде пренесен до православните земји

Благодетниот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе биде пренесен до православните земји

Сподели

Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот, соопштува весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи на Израел.

Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим. „Точниот начин на процесот сè уште не е утврден, изјави изворот од Министерството за надворешни, бидејќи Министерството за здравство би можело да додаде повеќе ограничувања поради коронавирусот, но веќе се организирани летови за да го однесат Огнот во Русија, Украина и Грција“, објаснува подробно Jerusalem Post. Според истиот весник, службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK