Чет11262020

Последна промена11:32:36 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Како се одвива наставата низ европските земји?

Како се одвива наставата низ европските земји?

Сподели

Како се одржува наставата низ европските земји. Некаде има мерки и протоколи но некаде е многу лабаво. 

Во некои веќе почна школската година, а некаде допрва ќе почне.

 

Во Франција училиштата се отворија на 1 септември. Сите ученици постари од 11 години мора да носат маска цело време. Кваките на вратите и клупите се дезинфицираат еднаш дневно, а училниците редовно се проветруваат. Училиштата го распоредуваат почнувањето на наставата за да спречат собирање на поголем број ученици.

Во Италија е предвидено училиштата во повеќето региони да се отворат на 14 септември. Класовите ќе бидат помалобројни, а учениците ќе седат сам по сам на оддалечени клупи. За да има простор, училиштата ќе го мешаат традиционалното учење со учење на дистанца. Некои часови ќе се одржуваат и во саботите, а некои и на отворено или во големи простории како театри или музеи.

Во Холандија основните и средните училишта почнаа да се отвораат постапно во август, како и вообичаено. Таму ниту учениците ниту наставниците не се обврзани да носат маски. Учениците можат слободно да се дружат, но постарите ученици мора да се дистанцираат од наставниците. Децата мора да одат на настава 5 дена во неделата, освен ако имаат симптоми на Ковид-19.

 

Во Шпанија основните и средните училишта ја почнуваат учебната година во текот на првите три недели од септември. Таму маските се задолжителни за деца на возраст од 6 или повеќе години. Децата мора да ги мијат рацете петпати на ден и да се социјализираат во таканаречени меури – мали групи на деца кои мора да се дистанцираат од членовите на други меури. Секое утро во шпанските училишта се мери температура.

Во Шведска училиштата останаа отворени цело време. Таму наставата ќе продолжи со ограничување на големите собири и поголема свесност за хигиената. Тоа што училиштата беа отворени не доведе до повисока стапка на заразување отколку во соседна Финска, каде што училиштата беа затворени.

Во Германија децата се вратија на училиште од почетокот на август. Таму учениците се реорганизирани во групи од неколку стотици лица. Учениците можат слободно да се социјализираат во нивната група, но не и со членови на други групи. Секоја група ќе има своја територија во училиштето и свој наставник. Учениците се советуваат редовно да ги мијат рацете и да избегнуваат допирање на оградите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK