Чет11262020

Последна промена11:32:36 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Драматична загуба на биодиверзитетот во светот

Драматична загуба на биодиверзитетот во светот

Сподели

Популациите на дивитевидовинамалени за две третини од 1970 година.

 

 

• Причините вклучуваат уништување на животната средина, како што се уништување на шумите, неодржливо земјоделство и нелегална трговија со диви животни, придонесувајќи за појава на вируси како што е КОВИД-19

• Биодиверзитетот на слатководната вода исчезнува многу побрзо отколку во океаните или шумите - 84% е просечната стапка на опаѓање на популациите на слатководните видови од 1970 година

• WWF повикува на итни мерки за унапредување на трендот до 2030 година со запирање на уништувањето на природните живеалишта и реформа на нашиот систем на храна

 

 Светската популација* на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби е намалена во просек за две третини за помалку од половина век, открива Светскиот извештај за зачувување на природата 2020 објавен денес од WWF. Ова во голема мера е резултат на уништување на животната средина што придонесува кон појава на зоонотски болести како што е пандемијата КОВИД-19.

Извештајот за состојбата со планетата е сеопфатна студија за состојбата на нашата природа преку индексот на живата планета (Living Planet Index- LPI), кој ја следи состојбата на популациите на диви видови. LPI, обезбеден од Лондонското зоолошко друштво, покажува дека истите фактори, за кои се верува дека ја зголемуваат можноста за појава на пандемија, стојат зад намалувањето на 68% од популацијата на 'рбетници помеѓу 1970 и 2016 година. Иако овие двигатели вклучуваат пренамена на земјиште и трговија со диви животни, главната причина за драматичното опаѓање на популациите е загубата и деградацијата на живеалиштата, вклучително и уништувањето на шумите, што се должи на моделот на производство на храна.

„Извештајот „Состојба на планетата 2020“ посочува дека забрзаното уништување на природата, како резултат на човечките активности, има катастрофални влијанија не само врз популациите на дивиот свет, туку и врз здравјето на луѓето и сите други аспекти од нашите животи“, истакнува Марко Ламбертини, извршен директор на WWF International. „Не можеме да ги игнорираме доказите пред нас затоа што сериозниот пад на популациите на дивиот свет е знак за предупредување што укажува на дефект на системот.“

Најзагрозен биодиверзитетот на слатководни екосистеми

Слатководниот биодиверзитет исчезнува побрзо отколку во кој било друг екосистем. Од 1900 година, повеќе од 70% од светските мочуришта исчезнале, а од 1970 година, популациите на слатководни видови се намалиле за 84%, повеќе од оние што живеат во шуми или океани. Реките во светот се пренатрупани со постоечка и планирана инфраструктура, потрошувачката на вода од година во година расте, риболовните подрачја на слатководни вода се прекумерно искористени, а животот на милиони луѓе станува сè понесигурен. Слично е и во нашиот регион.

„Нашата земја изобилува со неверојатна природа, прекрасни реки и богат биодиверзитет. Но, ние за жал не знаеме и не успеваме да ги зачуваме овие вредни богатства. Постојано сме сведоци на катастрофално испуштање на штетни материи во водните текови, без изрекување соодветни казни за сторителите. Исто така, и понатаму продолжува изградбата на малите хидроелектрани на нашите реки, кои не само што ја уништуваат природата, туку и го оставаат локалното население без вода за пиење. Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е во заложништво на бизнисот за произвоство на електрична енергија субвенциониран од државата. Ваквата пракса на премолчено поттикнување на неодржлив развој мора да престане ако сакаме да го зачуваме нашиот највреден ресурс- водата“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координатор за политики во WWF Adria и извршна директорка во Еко-свест.  

Со заштита на биодиверзитетот на слатководната вода, ние придонесуваме на различни начини за подобрување на здравјето на луѓето, од намалување на можноста за нови болести до зголемување на достапноста на водата и храната. Сегашната состојба укажува на тоа дека ние мора да дејствуваме веднаш. Со цел да се запре губењето на биодиверзитетот на слатководните води, треба да се спроведе амбициозен план за интервенција. Тоа вклучува овозможување на природниот тек на реките, намалување на загадувањето, заштита на мочуриштата, запирање на прекумерниот риболов и неодржливото таложење на седиментите, контролирање на инвазивни видови и заштита и обновување на врските што ги имаат живеалиштата на слатководните води со околните екосистеми.

Производството и потрошувачката на храна се клучни двигатели на загубата на биодиверзитетот

Сличен план е неопходен за целиот биодиверзитет во светот. Стабилизирање и запирање на загубата на природата ќе биде можно само ако работиме храбро и амбициозно за зачувување на природата и ако го смениме начинот на производство и консумирање храна.

Потребните промени вклучуваат поефикасно и еколошки одржливо производство и трговија со храна, намалување на отпадот и избор на поздрав и еколошки начин на исхрана.

Падот на глобалниот биодиверзитет придонесува за зголемување на глобалните нееднаквости, продлабочување на поделбите помеѓу глобалниот север и југ. Исто така, ја зголемува ранливоста на малите заедници кои ќе бидат најмногу погодени од губење на природата. Затоа, сите планови за запирање на загубата на природата треба да вклучуваат решавање на основните социјални и економски проблеми кои само се продлабочуваат со губење на биодиверзитетот.

Ние мора да се фокусираме на фер и одржлива економија и производство на храна, фер плати, намалување на отпадот, еднаков пристап до природните ресурси и интегриран пристап кон обновување и зачувување на природата. Заедничката имплементација на овие мерки ќе ни овозможи побрзо да ги ублажиме притисоците врз живеалиштата на дивиот свет. И обратно, ако продолжиме како досега, стапката на загуба на биодиверзитетот ќе продолжи да расте.

Светските лидери мора да дејствуваат веднаш

Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година беше објавен само неколку дена пред 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации (UNGA), кога се очекува светските лидери да го разгледаат постигнатиот напредок во остварувањето на целите за одржлив развој, Парискиот договор и Конвенцијата за биолошка разновидност. UNGA 2020 ќе ги обедини светските лидери, корпорациите и граѓанското општество да развијат рамка за акција по 2020 година, означувајќи пресвртница во поставувањето на темелите за итно потребниот нов договор за природата и луѓето.

Ламбертини заклучува: „Ако сакаме да се надеваме дека обновата на природата ќе им даде на денешните и идните генерации еднаква шанса, светските лидери мораат, покрај зачувувањето на природата, да го направат нашиот систем за производство на храна поодржлив на начин што вклучува запирање на уништувањето на шумите. Со оглед на претстојното Генерално собрание на ООН, новиот извештај на WWF може да помогне да се обезбеди потребниот нов договор за природата и луѓето како основа за долгорочно преживување на дивиот свет, растенијата и инсектите и целата природа, вклучувајќи го и човештвото “.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK