Саб09192020

Последна промена11:16:16 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот 175 милиони луѓе незнаат да читаат

175 милиони луѓе незнаат да читаат

Сподели

Една од четири млади личности во земјите во развој не можат да прочитаат ниту една реченица. Ова се покажува во извештајот од УНЕСКО кој беше објавен изминатата недела., пишува Факултети.мк.

 

Во извештајот се покажува дека неписменоста е многу поголема отколку што се мислело претходно. Според проценките, 175 милиони луѓе немаат ниту основно знаење.

„Пристапот до образованието не е единствениот проблем - лошиот квалитет го уназадува учењето за оние кои одат на училиште“, изјави Ирина Бокова, претставник на УНЕСКО.

Според извештајот, приближно 250 милиони деца не учат читање и основни математички вештини, иако половина од нив оделе на училиште четири години. Оваа „Глобална криза за учење“ ги чини неразвиените земји милијарди долари годишно кои немаат речиси никаков ефект.

Кога станува збор за неписменоста кај возрасните, ситуацијата останува речиси иста. Во 2011 година имало 774 милиони неписмени возрасни, што е помалку за 1% од 2000 година. Се претпоставува дека до 2015 година бројот ќе изнесува 743 милиони. Три четвртини од неписмените возрасни луѓе во светот се од само десет земји - Индија, Кина, Пакистан, Бангладеш, НИгерија, Етиопија, Египет, Бразил, Индонезија и ДР Конго.

 

На глобално ниво, речиси две третини од неписмените возрасни се жени, однос кој останува речиси статичен од 1990 година./ Извор fakulteti.mk 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK