Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот ЕДНАШ АДВОКАТ – ЦЕЛ ЖИВОТ АДВОКАТ

ЕДНАШ АДВОКАТ – ЦЕЛ ЖИВОТ АДВОКАТ

Сподели

По пензионирањето адвокатот Делче Илиески дава бесплатни правни совети на граѓаните а посебно на пензиониерите.


По 40 години работен стаж,како правник во градежната фирма „ГП Илинден“од Струга,а еден период и како директор во истава фирма,а последните 20 години пред пензионирањето работи како адвокат во Струга.
Веднаш по пензионирањето 2016 година,активно се вклучува во редовите на Здружението на пензионери и стана активен на спортски и културен план.Тој се вклучи во спортската екипа за фрлање топка на кош,беше најдобар со најмногу погодени кошови,во последните одржани регионални и Републички спортски натпревари.Бидејќи Делче,за почетокот покажа неочекувано одлични резултат ќе продолжи да се натпреварува во овие спортски дисциплини и понатаму,вели претседателот на Комисијата за спорт Иван Хаџиев.Илиески,е исто така многу активен и на полето од културата,каде што веднаш се приклучи во составот на на печката група „Распеани пензионери“и се докажа кадо извонреден пеач,кој редовно ги посетува пробите кои се одржуваа секој четврток во неделата во Клубот на пензионерите.
Човек,со многу успешни резултати во животот,активно се вклучи во Комисијата за правни работи при здружението,каде без двоумеење се зафати како адвокат за решавање на покренатото прашање од страна на претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски и Извршниот одбор,за враќање на двата пензионерски објекти наменети за старачки Дом во Струга и регионот.Но за жал не се во владение на Здружението.Со овие два објекти „Женска плажа“ кој располага со 30 двокреветни собии “и хотел „Галеб“со 80 апартмани,изградени пред две децении со средства на ПИОМ,а стопанисува Друштво со ограничена одговорност,а не пензионерите.
Делче Илиески,активно се вклучи како член во Еконмско-правниот Форум во СЗПМ.Но,ќе останеме покусо или должни ако не кажеме,дека Делче по пензионирањето како адвокат,продолжи да дава бесплатни правни совети на граѓаните од Струга,а посебно во Клубот на пензионери,еднаш седмично на пензионерите им дели правни совети и им помага за остварување на нивните права преку пишување на молби,барања,преписки,одговори и други правни совети.
Хуманитарниот адвокат Илиски,вели „Еднаш адвокат за секогаш адвокат“
Илиески,во секој негов разговор со задоволство кажува дека корените му се од селото Врапчиште Гостиварско.Тој се горде со своето село и со неговите најблиски.Тој со мисли секогаш е во родно место каде израснал, а и го завршил основното образование,човек,кој во Струга е од 1981 година,каде што формил прекрасно семејство.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK