Пон01272020

Последна промена06:35:23 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Исланд најдобра земја за жените во светот

Исланд најдобра земја за жените во светот

Сподели

Според светскиот економски форум (World Economic Forum) спроведе истражување и  изготви листата на најдобрите земји за жените, потпирајќи се врз половата рамноправност.

Во истражувањето се опфатени 135 земји, а оценувањето е засновано врз четири критериуми: степен и можности за учество во економскиот и политичкиот живот, каде е опфатена разликата во плати меѓу мажите и жените на исти работни позиции, пристапот на жените на високи работни позиции и учеството во владините структури, како и пристапот до високо образование и здравство и просечниот животен век. Вака изгледа листата на првите 10:

1. Исланд

2. Норвешка

3. Финска

4. Шведска

5. Ирска

6. Нов Зеланд

7. Данска

8. Филипини

9. Лесото

10. Швајцарија

Освен земјите кои според горенаведените индикатори се најдобри за живеење за жените, World Economic Forum направи проценка кои земји се најдобри за жените според одредена карактеристика.

Најдобра земја да се биде политичарка: Руанда

Оваа земја е единствената каде жените имаат мнозинство во парламентот, држејќи од 45 до 80 седишта. Најлошите земји се Саудиска Арабија, Јемен, Катар, Оман и Белизе кои воопшто немаат жени во парламентот.

Најдобра земја да се биде мајка: Норвешка

Норвешка има најниска стапка на смртност при пораѓање - една од 7.600, благодарение на професионалната асистенција при секое раѓање. Најлоша е Авганистан, каде веројатноста една мајка да умре при пораѓање е 200 пати поголема, отколку да умре од куршум или бомба.

Најдобра земја за образование: Лесото

Писменоста на жените ја надминува таа на мажите во оваа земја, каде дури 95 отсто од жените знаат да читаат и пишуваат, споредено со 83 отсто од мажите. Најлошата земја во оваа област е Етиопија.

Најдобра земја за да се биде претседателка: Шри Ланка

Жените ја водат оваа земја скоро 23 години. Од друга страна, многу високорангирани земји во другите категории, вклучувајќи ги и Шпанија и Шведска, никогаш немале жена претседател.

Најдобра земја да се биде во извршен менаџмент: Тајланд

Тајланд има најголем процент жени кои се наоѓаат меѓу извршните менаџери и бордовите на директори. Најниската стапка е во Јапонија.

Најдобра земја за право на избор: Шведска

Шведска дозволува жените да имаат абортус без рестрикции во првите 18 недели од бременоста, без задолжителни барања за согласност. Ел Салвадор, Филипините и Никарагва се меѓу најлошите поради нивната забрана за абортуси.

Најдобра земја за да се заработат пари: Луксембург

Луксембург, заедно со Норвешка го делат првото место во просечни заработени приходи. Просечниот приход е 40.000 долари, а најголема е веројатноста дека мажите и жените ќе бидат исто платени.

Најдобра земја за високо образование: Катар

Во оваа земја, шест жени се запишуваат на факултет, наспроти еден маж. Но, прашањето останува дали оваа инвестиција во образованието довела до интеграција на жените во економијата. Најлошата земја е Чад.

Најдобра земја за долг живот: Јапонија

Жените во Јапонија живеат најдолго, со просечен животен век од 87 години, победувајќи ги мажите за 7 години. Женската старост е најкратка во Лесото - 48 години, но само за 2 години помалку од машката.

Најдобрата земја за да го оставиш сопругот: Гуам

Островот во Микронезија има највисоко ниво на разводи во светот, спротивно на тоа, Гватемала го има најниското ниво.

Најдобра земја за возење автомобил: Индија

Њу Делхи е местото каде што е сосема нормално жената да биде таксист, а според тоа, Индија е најпријателски настроената земја кон жените-шофери. Најлоша во тој поглед е Саудиска Арабија која е и единствената земја каде е забрането жените да возат автомобил.

Долг е патот до еднаквоста, но жените полека и сигурно го изодуваат. И, иако листата е објавена во пресрет на утрешниот празник на жената, да се надеваме наскоро дека секој ден ќе биде славен како таков, обележувајќи го со големите достигнувања на понежниот, но поиздржливиот пол.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK