Пон01272020

Последна промена06:35:23 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Расте бројот на заболени од рак на кожа

Расте бројот на заболени од рак на кожа

Сподели

Стартува кампањата за превенција на ракот на кожата, бидејќи изминативе години расте бројот на заболени во земјава од оваа болест на кожата, при што годишно се регистрираат по 200 случаи на меланом, пишува Вечер.

 

Дерматовенеролозите предупредуваат дека доколку болеста се открие на почетокот, тогаш во 95" до 100% од случаите се лекува. Тие препорачуваат самоконтрола и едукација на пациентите за рано откривање на меланомот.

Со цел да се превенира болеста, од 27-ми до 29-ти овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг прегледи во државните дерматолошки ординации, како и на Кожната клиника, каде што ќе се примени безболна метода-дермоскопија. Граѓаните ќе бидат прегледани без упат и без закажување, при што истовремено ќе се информираат и за влијанието на факторите за ризик, за клиничките знаци и симптоми, како и за опасностите од прекумерното изложување на сонце и солариуми.

Ризик-фактор за ракот на кожа е возраста над 50 години и над 50 бенки. Лекарите препорачуваат од 10 до 16 часот да не се сончаат граѓаните кога ќе заминат на годишен одмор, да не практикуваат таканаречено викенд-сончање за брзо потемнување и да не користат солариуми. Да се користат креми со 30 и 50 заштитен фактор, а земјоделците и градежните работници да носат капи, светла облека и очила.

Според примариус д-р Агрон Старова од Универзитетската клиника за дерматологија, најважно е пациентот да прави самопреглед и доколку забележи каква било промена на кожата, да се обрати на лекар.

-Не секоја бенка преминува во меланом и не секоја повреда на бенка е меланом. На секоја промена која има асиметрија, неправилни рабови во повеќе бои со дијаметар поголем од 6 милиметри со тенденција на зголемување треба да и се посвети внимание - објаснува д-р. Старова и додава кога меланомот е помал од 0,76 милиметри, осумгодишното преживување е 93 проценти, а кај меланом поголем од 3,6 милиметри процентот на преживување паѓа на 33,3 проценти.

Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица, од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години. На Универзитетската клиника за дерматологија од 2005 година се применува методот за рано откривање на меланомот.

Меланомот потекнува од меланоцитите, клетки кои го создаваат меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите. Главно се јавува кај белата раса, додека кај црната и жолтата раса е доста редок. Најмногу е распространет во Австралија и во земјите со големо ниво на сончево зрачење.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK