Пон12162019

Последна промена11:37:19 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Што смееме да јадеме во неограничени количини?

Што смееме да јадеме во неограничени количини?

Сподели

Иако големината на порцијата е многу важна за одржување на телесната тежина, постојат намирници кои можете да ги конзумирате во неограничени количини.

 

Пуканки

Верувале или не, пуканките се едни од најздравите и најмалку калорични грицки кои постојат. Не зборуваме за пуканки со вкус на путер или сирење, туку за класична пченка која можете да ја испечете во вашето тенџере само со неколку капки масло и малку сол. Пуканките имаат малку калории и содржат влакна кои се добри за варењето. За оние кои сакаат зачинета храна – додајте малку пиперка во прав, чили или бибер.

Чипс од кељ

Ова е најздравата замена за компировиот чипс полн со маснотии. Ова е нискокалорична грицкалка која ќе ве засити и во која можете да уживате колку што сакате. Исчистете ги листовите од кељот од стебленцата, премачкајте ги со маслиново масло и испечете ги во рерна десетина минути се додека листовите не пожолтат и не станат суви. Овој здрав чипс содржи многу малку калории, вкусен е и можете да го јадете во било кое време од денот.

Кисели краставички

Една шоља кисели краставички има само 16 калории. Затоа тие се идеални во било која диета и во било кој оброк од денот.

Карпачо од тиквички

Тиквичките исечете ги на тенки кругови и потопете ги во лимонов сок и оставејте ги да отстојат одредено време. Потоа додадете малку маслиново масло, сол и бибер. Тајната се крие во лимоновиот сок кој ја топи маснотијата, а самиот оброк има многу малку калории.

Бадеми, ореви и лешници

Една шака полна од овие грицки може моментално да ве засити, а во комбинација со сушено овошје се одлични борци против глад.

Слободно грицкајте помеѓу оброците или како замена за обилната вечера.

Извор:  Денар

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK