Нед12152019

Последна промена03:50:34 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Пет правила за десет килограми помалку

Пет правила за десет килограми помалку

Сподели

Можно е да се изгубите 10 килограми масно ткиво за само 30 денови оптимизирајќи било кој од овие три фактори: вежбање, диета или лекови кои би биле дополнителна исхрана.

Десетте килограми за повеќето луѓе претставуваат намалување за најмалку два конфекциски броја. Тимотеј Ферис, автор на книгата „The 4-Hour Workweek“, тврди дека она што вам ви треба е диета со бавни јаглехидрати.

За оваа диета, самиот авторот тврди дека тоа е единствената диета, која всушност спаѓа во групата на екстремно циклична категогенска диета (CKD), што е во состојба да овозможи видлив проток на крв во мускулите. За тоа потребно е да се следат пет едноставни правила.

Правило број 1: Да се избегнуваат „белите“ јаглехидрати

Избегнувајте било какви „бели “агленихидрати како на пример: сите видови на леб, ориз (вклучувајќи го и кафеавиот ориз), пченица, компир, тестенини, тортиљи и пржена храна

Правило број 2: Јадење исти оброци одново и одново

Успешна диета е онаа во која ист вид на храна се јаде одново и одново, без разлика дали таа е за стекнување на мускули или пак за губење на масно ткиво. Според книгата на Ферис без оглед на тоа дали се работи за диета која ќе ви озовможи оформување на мускулите или пак губење на масти. Според книгата „ The 4-Hour Workweek“ намирниците се делат на три групи, а со нивна комбинација треба да се креира секојдневно мени.

Протеини: белките измешани со едно до две јајца, пилешки гради или батаци, говедско, риба или свинско месо.

Мешунки: леќа, црн грав, црвен грав и соја.

Зеленчук: спанаќ, мешан зеленчук (вклучувајќи брокула, карфиол, кисела зелка, аспарагус, грашок, боранија.

Наведената храна можете да ја јадете колку што сакате, но важно е да биде едноставна. Изберете три или четири оброци и повторувајте ги.

Честите оброци, исто така, имаат позитивен ефект врз вашиот метаболизам, и покрај тврдењата за спротивното. Растојанието помеѓу оброците треба да биде околу четири часа.

Правило број 3: Немојте да пиете калории

Пијте многу вода и колку сакате чај без шеќер, кафе со максимално две лажички слатка павлака или некој друг пијалок без калории. Немојте да пиете млеко, вклучувајќи го и млекото од соја, вообичаените безалкохолни пијалаци или овошните сокови. Диеталните безалкохолни пијалаци ограничете ги максимум на половина литар дневно, а  може да испиете до две чаши црно вино, но не повеќе на ден.

 

Правило број 4: Немојте да јадете овошје

Иако звучи чудно, авторот на книгата вели дека луѓето не треба да јадат овошје шест дена во неделата, а сосема сигурно не треба да јадат овошје секој ден од годината. Ова е вака бидејќи овошјето има шеќери и фруктоза.

Правило 5: Секоја недела земете по еден слободен ден

Како што авторот препорачува, сабота е идеален ден за да си дозволите да јадете што сакате. Парадоксално, драматичното зголемување на калории само еднаш неделно го зголемува губењето на масното ткиво и осигурува вашиот метаболизам да не пати поради изразеното ограничување на калориите. За време на тој ден нема ограничување ниту забрани за вашето уживање.

Извор Попара 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK