Пет12062019

Последна промена08:44:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Кои се новите цени на струјата, нафтените деривати и цигарите?

Кои се новите цени на струјата, нафтените деривати и цигарите?

Сподели

Еден киловат-час електрична енергија за домаќинствата во скапа тарифа кај двотарифно броило од денес ќе чини 5,59 денари, а истото количество во евтина тарифа ќе има цена од 2,8 денара.

Во оваа цена се пресметани зголемувањето на цената на струјата од 3,47 отсто, како и процентот на ангажирана моќност од 33 отсто, кој досега се искажуваше одделно во сметките за потрошена електрична енергија, а отсега ќе биде вклучен во цената. Новата цена на струјата за домаќинствата зголемена за 3,47% ќе важи до јули идната година.

Од полноќ по нови повисоки цени и тоа за 2,30% ќе се продаваат бензин и дизел горивата. Во следните две недели литар ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи по цена повисока за 2 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапе за 1,5 денари. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,50 денари и на Еуродизелот 70 денари за литар.

Нова цена повисока за 1,5 денари за литар доби и малопродажната цена на Екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое сега чини 58,50 денари. Се зголемува и цената на мазутот и таа од денеска е 42,18 денари. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија деновиве одобри и зголемување на цената на природниот гас за месец јуни за 3,58%. Со тоа цена на гасот изнесува 29,8166 денари за нормални метри кубни гас (ден/нм3), а претходниот месец таа изнесуваше 28,7854 ден/нм3.

Од денес и цигарите се поскапи итоа до 5 денари. Зголемувањето е резултат на веќе донесените законски измени со кои  се предвидува етапно зголемуавње на акцизата до 2023. Пресметките покажуваат дека  само во првите три години  една цигара ќе биде поскапа за 0,15 денари , додека од 2016 до 2023  една цигара ќе поскапува за 0,2 денари. Тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени на цигарите. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо кој поскапува за три.

Тоа значи дека Бренд отсега наместо за 50 ќе се продава за 55 денари, а за исто толку ќе поскапат и Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2. За 5 денари поскапува и Марлборо, објави економски.ком

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK