Нед12162018

Последна промена04:44:54 PM

 

Back Вие сте на: Home Живот Посна паштета од маслинки... неодолив медитерански вкус

Посна паштета од маслинки... неодолив медитерански вкус

Сподели

За денес ви предлагаме посна паштета од маслинки... здрав но вкусен намаз....

Оваа паштета или намаз веднаш ќе ве плени со својот медитерански вкус. Помешаниот вкус на зачините со маслинките веднаш ќе ве понесе.

Потребно:

 5 компири

 120 гр. зелени маслинки

30 гр. црни маслинки

3 лажици маслиново масло (ладно цедено)

2 чешниња лук
1 лажичка копар
1 лажичка оригано
1 лажичка црвен пипер
3 лажици густо доматно пире

Подготовка

- Со нож се чистат маслинките од коските и се сечкаат (маслинките се повкусни ако се сочни т.е. да не се ни тврди ни многу меки).
- Месото од маслинките се блендира (со маслиновото масло) - може а и не мора, додека да се добие мазна смеса, а потоа се додаваат варените компири па зачинувате по вкус  црвениот пипер и зачините, пак се блендира додека да се соединат состојките.На крај додадете малку доматно пире. 

Направете ја оваа паштета и уживајте во вкусовите.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK