Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Живот Томина Недела - Мал Велигден

Томина Недела - Мал Велигден

Сподели

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден— значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.[1] Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Житие „Апостол Тома“


Тој е познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римската империја да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули. Во Православната црква, Источната католичка црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK