„Во светот на успешните“ – талентираната дизајнерка за внатрешно уредување Ивана Пешликовска

Ивана Пешликовска од Охрид – млада  талентираната дизајнерка, која се занимава со внатрешно уредување односно проектирање на ентериери, а има дипломирано на академијата за дизајн во Фиренца, Италија и исто така дел од својата креативност ја насочува и кон дизајнирањето на мебел. Вешта уметничка која се води од модерното, убавото со префинет вкус и стил успева да дизајнира и креира уникатен мебел.

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче посветено на луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности….

Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

Охриднет: Од кога се занимавате со ентериерно уредување?

Пешликовска: Многу скоро по моето дипломирање започнав самостојно да работам со проектирање на ентериери, со голема љубов и посветеност и секогаш подготвена за нови предизвици. Изработката на планови за ентериерно уредување за мене е уживање и простор за изразување на креативноста која ја поседувам па и најголемата потешкотија при оваа работа ја доживувам како личен предизвик и секогаш успевам да дојдам до најдоброто решение и на крајот до задоволни клиенти што ме прави посебно среќна.

Нема достапен опис

Охриднет: Бевте избрана да бидете дел од младите дизајнери на Белградскиот саем .Таму беа претставени твоите дизајни. Какво е тоа искуство?

Пешликовска: Учествувањето на изложбата на млади дизајнери во склоп на Белградскиот саем за мебел пред се е огромна чест и привилегија , бидејќи е најважниот настан во сферата на дизајнот и производството на мебел во регионов и југоисточна Европа. Се претставив со три иновативни дизајни односно прототипи кои наидуваа на могу позитивни коментари и воодушевувања од страна на посетителите во таа саемска недела што ме направи особено горда бидејќи тоа е најголемото признание за работата и талентот на еден дизајнер и за мене еден голем потик за понатамошно дизајнирање. Најголема беше заинтересираноста за дизајнот кој за прв пат го изложив пред три години кога беше избран за изложбата на “Skopje design week” а на саемот во Белград претставив уште два мои дизајни. Ми претставуваше задоволство да бидам меѓу дванаесет млади дизајнери со извонредни дизајни, и меѓу успешни луге од сферата на дизајнот и архитектурата кои несебично споделуваа искуства и совети преку гостувањето на еден интересен настан “Design talks” каде секој ден гостуваше еден од младите дизајнери и во присутво на интерактивна публика разговаравме на теми во кои е засегнат дизајнот, што отвора нови пошироки перспективи на размислување. Целокупно саемот и оваа изложба во која учествував за мене беше едно мноу убаво позитивно искуство, каде остварив контакти со брендови и производители заинтересирани за моите дизајни и идна соработка.

Нема достапен опис
Охриднет: Вашата професија е еден вид уметност .Од каде се црпи инспирација?

Пешликовска: Токму така, ентериерното уредување и дизајнот на мебел претставуваат уметност, а мојата поврзаност со уметноста е од мои рани години кога својот уметнички талент започнав да го изразувам преку сликањето со масленени бои на платно што се уште е моја пасија ,па често им се посветувам на четката и боите. Како човек кој ја сака уметноста, инспирацијата за мојата работа ја црпам од уметноста, секојдневниот живот и човековата психологија. Инспирацијата за дизајните на мебел што ги имам креирано потекнува од практичната потреба на секојдневното функционирање во домот, така што моите дизајни се мултифункционални и со нивната трансформабилност ни служат за повеќе намени. Додека во уредувањето на ентериерите моја инспирација се самите клиенти, нивните карактери, потреби и стил на живот или таргет групата за кој е наменет просторот.

Нема достапен опис
Охриднет: Колку во Охрид и регионот има интерес за ангажирање на професионалец при ентериерно уредување?

Пешликовска: Со оглед на тоа што дизајнот на ентериери е понова професија заинетересираноста е поголема кај помладата популација, а постарата мислам дека се уште е скептична околу ангажирање на професионалец при ентериерното уредување. Меѓутоа праксата во моето досегашно работење покажува дека претходно изработен план за уредување е олеснителен фактор при работата и прилично значаен па интересот во иднина секако дека би растел.

Охриднет:  Има ли интерес кај компаниите и граѓаните за иновативните дизајни на мебел кај нас?

Како што споменав на саемот за мебел во Белград наидов на огромна заинтересираност и од страна на производители кои се отворени за соработка со дизајнер и од страна на индивидуалци кои ја вреднуваат уникатноста и добриот дизајн, конкретно во мојот случај ја препознаа функционалноста на моите дизајни и практично се мои потенцијални купувачи. Затоа сметам дека и кај нас интересот може да биде уште поголем доколку се негуваат саемите за мебел и други настани од овој тип кои овозможуваат промоција на дизајнот и се одлична платформа за поврзување на домашните производители и брендови со наши дизајнери а тоа би било подеднакво во корист на двете страни.

Нема достапен опис
Пешликовска: Дали може еден бесплатен совет за нашите читатели како да го уредат домот и на што најмогу да посветат внимание при уредувањето?

Охриднет: Пред се најважно е да се согледа на какви активности најмногу се посветува време во домот па така да се определи важноста и големината на тој дел од просторот. Практичноста треба да биде во преден план а естетиката е исто така значаен дел од уредувањето за комплетно да се ужива во домот. Но има и други многу важни фактори како осветлувањето, генералното и амбиенталното осветлување кои допринесуваат за убавината на атмосферата во целост, а за која е потребно да се ангажира стручно лице. Во секој случај препорачувам да се препушти оваа работа на дизајнер за внатрешно уредување кој според желбите и потребите на клиентите и според нивниот вкус ќе изработи комплетен проект каде се ќе биде организирано и секој дел од просторот ќе биде максимално искористен, а воедно естетски уреден по најнови трендови. И особено важно е што со претходно изготвен конкретен план ќе се избегнат грешки и ќе се заштеди време при реновирање или уредување на еден ентериер.

Нема достапен опис

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани