Седумте најчитани вести на Охриднет во 2017!

Ohridnet.com, во  петтата година од своето постоење  е еден од најчитаните информативни веб портали во регионот.

Во големото семејство на интернет весници ние  секојдневно се трудиме да бидеме објективни, брзи, точни и реални. 

Драги читатели на  крајот од 2017 година ви ги издвојуваме седумте  најчитаните вести:

1. „Малиот Кирил ја загуби битката, замина на небото“ – вест прочитана 77 000 пати. 

2. Репортажата „Моќта и чудата на Свети наум Охридски“  е прочитана 60 000 пати. 

3. „Вратите од Свети Еразмо сам се отвориле“ – репортажа прочитана околу 40 000 пати. 

4. „Матурантка од Охрид нападната од кучиња“ – вест прочитана над 35 000 пати.

5. „Силен земјотрес повторно во Охрид“ – вест прочитана 30 000 пати.  

 6 „Девојка од Шри Ланка се крсти и венча во Охрид“  –  вест прочитана околу 28 000 пати.

7 „Се е средено околу погребот на младиот Дејан“ – вест  прочитана околу 25 000 пати. 

 Ohridnet.com го посетуваат преку илјадници  посетители кои генерираат повеќе илјади прегледи на страници и рубрики, притоа задржувајќи се просечно по десетина минути на сајтот. На Фејсбук, дел од нашите вести имаат исклучително висок досег на објава и стигнуваат од 10 000 па дури и до 80 000 читатели.

Интернет  публиката го препозна квалитетот и посебниот приод на Ohridnet.com кон професионализмот, го сметаат за  креативен потсетник и силен и докажан поборник за објективно информирање.

Драга публико се читаме и во 2018!!!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани