
Божиќ е највеселиот празник од 15-те големи верски празници и се слави 3 дена.
Божиќ се празнува како денот на раѓањето на Исус и се прославува на 7-ми јануари.Божиќ е денот кога духот на Исус е спуштен помеѓу луѓето и носи мир. Каде и да си за Божиќ дома да си! Овој ден се поминува дома со семејството, не се оди на гости и не доаѓаат гости.Вториот ден од Божиќ се нарекува „Божји ден“, но е посветен на Богородица. На овој ден луѓето се дружат и одат на гости и се поздравуваат со „Христос се роди!“ Третиот ден е слава за свети Стефан, ѓакон кој страдал за верата. На иконите се прикажува со неговата ѓаконска облека и со Евангелието на кое се наоѓаат 3 камења, симбол на неговото каменување. Македонија е во групата земји која брои вкупно 12 земји, што го прославува еден од најголемите христијански празници 13 дена подоцна, односно на 7 декември. Причината поради која го славиме Божиќ на 7 јануари заедно со уште 11 други земји во светски рамки е фактот што сè уште се водиме според стариот црковен Јулијански календар. За разлика од Грегоријанскиот кој се користи во најголем дел од светот, Јулијанскиот календар е поназад за 13 дена во периодот од 1900-2100 година и таа разлика се зголемува за 1 ден по 2100 година.