Се слави Православна Нова година

Според Јулијанскиот календар вечерва на полноќ настапува Православната Нова година или Стара Нова, како што е наречена меѓу народот. Традицијата да се слави овој празник се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим, а постои и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во некои делови на Шкотска.

Источната Православна Црква сè уште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената Стара Нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар.

Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре (14 јануари)  во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани