

Св. апостол Јаков бил син на Јосиф, сопругот на Дева Марија, од неговиот претходен брак.
Поради тоа, како и поради неговата посебна приврзаност кон Христос, тој се нарекува „Брат Господов“. Св. Јаков бил еден од 70-те апостоли кои го проповедале учењето на Христос. Според сведочењето на апостол Павле, по воскресението, Христос му се јавил на св. апостол Јаков.
Св. Јаков бил епископ во Ерусалим и ја составил првата литургија. Тој бил многу почитуван од Евреите поради неговиот свет живот, па го нарекле „Јаков Праведниот“. Меѓутоа, поради неговото проповедање на учењето на Христос, Евреите го фрлиле од покривот на храмот во 1. век од нашата ера. Во православната црква, споменот на овој светител се слави на 5 ноември.
Житие
Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да се препираат за Светото Писмо Евреите. Бидејќи никако не можеа да му одолеат, најмија еден маѓесник Хермоген. Но Хермоген и неговиот ученик Филип обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и го наговорија некој Јосија да клевети на апостолот. Овој Јосија го виде мажественото држење на Светиот апостол и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го осудија и Јосија. Тој го молеше апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа убиени за Господ Кого Го возљубија. Свети Јаков пострада во 45 година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гроб и денес се случуваат чудесни исцеленија.