Католиците слават Божиќ

На 25 ти декември католиците го слават Божик.

Божиќ  или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември.

Бадник и Божиќ се празници кои минуваат во знакот на семејството, вкусната храна и долгите разговори исполнети со надеж за подобра и попросперитетна година која не очекува. За припадниците на Католичката вероисповест божиќните празници почнуваат утре на Бадник, најчесто со посета на полноќната миса или бадниковата вечера, а понеделник се отвораат подароците кои под божиќното дрво ги оставил Св.Никола или Дедо Мраз.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“ Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани