
Охрид со низа свечености денеска ја одбележува годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна. Десетици млади животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојството Охрид е слободен град, туристичка, културна и духовна метропола. Охрид традиционално ќе го одбележи празникот со низа свечености и настани.
Целата програма:
07.11.2022 година (понеделник)
Патронен празник на ЈП „Охридски Комуналец”;
Место: ЈП Охридски комуналец (дирекција)
Време: 10.00 ч.
Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ
Место: Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”,
Време: 10.00 часот
Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Јасна Ристеска
Место : спомен- обележје на Јасна Ристеска – с.Рамне
Време : 10.00 часот
Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ
Место : Спомен – парк на револуцијата
Време : 11.00 часот
Свеченост по повод 78 годишнината од слободувањето на Охрид
– Обраќање на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков;
– Обраќање на пoтпретседателот на ОО на Сојуз на борци, проф.Љубиша Машановиќ;
– Kултурно – уметничка програма;
Место: Општина Охрид
Време: 12.00часот
Свеченa приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ “Јасна Ристеска”
Место: Спортска сала „Билјанини извори“
Време: 17.00 часот
Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ “Методи Патче”
Место: ОМУ “Методи Патче” (концертна сала)
Време: 18.30 часот