9 нови случаи на корона во Охрид, 5 во Струга

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во

: – Скопје 85 – Куманово 24 – Дебар 3 – Штип 5 – Прилеп 3 – Тетово 18 – Струга 5 – Охрид 9 – Гостивар 2 – Гевгелија 1 – Крива Паланка 1 – Кочани 1 – Македонски Брод 1 – Валандово 1 – Свети Николе 2 – Ресен 2 – Неготино 1 Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје 3 Прилеп 6 Струга 1 Велес 1 Виница 1 Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани