Се решава загадувањето на Охридското езеро од Сатеска

После повеќе децении конечно се решава  загадувањето на Охридското Езеро предизвикано од вливот  на реката Сатеска, која се смета за   еден од најголемите еколошки проблеми.

 

Идејата за пренасочување на Сатеска во старото корито,  поради малата пропусна моќ и потребата од големи градежни зафати засега останува во мирување. Експертите најдоа друго решение, кај село  Волино ќе се гради нов разделник и таложник со цел  да се спречи отппадот да се влева дирекно во Охридското езеро.

„Ќе се прави нов разделник бидејки стариот е неадекватен не може да се врши соодветна распределба на водата. Кај Волино ќе се направи таложник. Кога има големи количини на талог водата да се пушта во таложникот и таму да се собира талогот да не влегува во Охридското езеро“,  вели Владислав Жуппан од  секоторт за Лер Струга.

Изминативе шеесет години Сатеска се смета за рак рана на Охридското езееро. Реката во  езерото годишно носи 120 илјади метри кубни седимент, што е  39 проценти од вкупното загадување со фосфати од средствата за вештачко ѓубрење на почвата и пестицидите.

– „Можете да заислите колку мил е завршен во самото езеро и колку е опасно за потегот на струшкото крајбрежје тоа што Сатеска се влива. Тоа значи комплетна смрт за сета флора од Сатеска до Струга и неможност во овие шеесет години  воопшто да имаме мрест на пастрмка“  , додава Жупан.

Во првата фаза од овој голем проект поддржан од УНДП се чистеше коритото  на реката Црн Дрим во Струга. После четири децении, за прв ппат целосно беше исчистено  устието, а беа извадени 21 000  метри кубни наноси отпад.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани