Власта уште еднаш покажа дека за некого е мајка, а за некого – маќеа, пишуваат од Левица.
Во овие услови се покажа дека самохраните родители се најмаргинализирана категорија граѓани. Занемарени од државата, оставени на милост и немилост, дури и во здравствена криза, кога голем број граѓани добија ваучери, самохраните родители до денес не добија ниту еден денар помош од државата. Фактот дека скоро цела година се игнорирани од државата, докажа дека самохраните родители се оставени на маргините на општественото скалило.
,,Левица’’ ЛО – Охрид, ве повикува во својата канцеларија, лоцирана на бул. ,,Туристичка’’ (зградата на Гранит), каде ќе можеме да се запознаеме со вашите горчливи проблеми и во соработка со нашиот правен тим, како и со нашите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, ќе ја започнеме борбата со институциите за Вашите права и правата на Вашите деца, стои во соопштението од Левица.
Лице за контакт:
Виолета Аврамоска – Тел: 070 303 566
самохрана мајка, модератор на ,,Левица” ЛО – Охрид