Идентификувана е пеперутката голем бакарец (Lycaena dispar), која е загрозен вид на светско ниво. Нуркачите открија бројни подводни карстни извори, кои го хранат најголемото блатно езеро во земјава со вода, слични на Светинаумските. Богатството е надополнето со рибна фауна,јата кленови, а низ шуплините од камењата мали рипчиња – писи и ракчиња. Низ евловата шума живеат разновидни животни.
-„Што се однесува до животните има мечка, волк, јазовец разни видови птици чапји, штркот е симбол на Белчишкото блато. Ќе има дополнителни истражувања кои ќе утврдат кои растенија каков статус имаат на загрозеност“ , вели Ѓоко Зороски од здружението ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″.
Езерото Сино Дувло е длабоко 4 m, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. Во еко-изложбен центар Белчишко Блато „Сини вирој” ќе бидат претставнени убавините на блатото за да бидат подостапни за туристите.
„Ќе се валоризира во еко туристички цели бидејки блатото е големо по површина. Зафака површина од 137 хектари и должина од два километри кои што може да се искористат во туристички цели и да биде син бисер на Дебарца и регионот и да биде плус понуда во регионот“, вели Зороски.
Најголемото блатно езерце во земјава Сино Вирој крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Белчишкото блато е веќе идентификувано како идно европско заштитено подрачје во рамките на мрежата НАТУРА 2000.
Новинар Соња Рилковска