Работното време на угостителските објекти со работно време до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
Забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот.
Граѓаните после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Вакцината се очекува во јануари.
Аплициравме преку Ковакс системот за вакцини против ковид-19 за 20% од населението. Тоа се 800.000 дози, по две дози, една и после неколку недели уште еднаш согласно сегашните сознанија за развој на антителата. Очекувањата се дека ќе бидат достапни на почетокот на следната година. Вакцината нема да биде задолжителна бидејќи не е влезена во календарот, но ќе има силна препорака, сооппшти министерот Венко Филипче.