Охрид со 14, Струга 6, Кичево 34 и Дебар со 06 казнети граѓани.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 60 прекршок за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга -6, Кичево-34, Дебар-06). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.