Во Струга највисок морталитет од корона вирусот

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата.

Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Штип и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга .

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 3.280,6 на 100.000 жители, Свети Николе (2.408,3/100.000) и Скопје (2.310,7/100.000), додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Струга, Струмица, Кочани, Охрид, Велес, Кичево, Кавадарци, Дебар, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Берово, Делчево , Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево..

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 16.903 машки и 16.094 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 1.630,7/100.000, додека кај женските 1.558,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 43,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 6.850 (20,8%) со инциденца од 1.787,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 2.127,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (5.916 заболен). Најниска инциденца од 415,5 и 651,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 951 и 1.630 случаи соодветно.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар, УК за гинекологија и акушерство, Клиника Аџибадем Систина и Жан Митрев Клиника), моментално се хоспитализирани 686 лицa, а од нив 234 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,1%), малаксаност (41,8%), кашлица (39,2%), главоболка (18,3%), болка во грло (15,8%), треска (12,8%), мускулна болка (12,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,7%) и отежнато дишење (10,0%).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани