Стружани снимаат филмови за проблемите во градот

Млади стружани снимаат пет документарни филмови за проблемите во  градот на мостовите.

Во првиот креативен  филм млада веслачка од Струга го раскажува проблемот со дивоградбите на брегот на Охридското езеро. Како низ годините се променила сликата на крејбрежието.

Во проектот се вклучени  стручни филмски рабтници, режисер, сценарист, кинематограф  и петнаесет млади  од Струга,  кои имаат за цел да  ги поттикнат институциите за решавање на горливите  проблеми во градот.

„Веќе е снимен тој документарен филм. Фокусот е на дивоградботе на крејбрежието меѓутоа раскажан ппреку една индивидуална прказна на млада веслачка од Струга која што го раскажува нејзиното искуство како сега гледа на крајбрежјето во споредба со почетоците нејзини“, вели Јаков Попоски  сценарист.

Апатијата и недовербата на младите во општеството, загадувањето и отпадот , потешкотиите за движење во градот на ппешаци и инвалиди  се главните теми во останатите филмови.

Ние како филмски работници го избравме овој начин, а воедно и сме среќни што едуциравме 15 тина млади за основите на филмот можеби некои ќе продолжат посериозно да се занимаваат со филмска ументост. Особено сме горди што ќе останат пет филмови кои се напишани режирани комплетно од Струга“, додава Попоски.

Филмовите премиерно ќе бидат прикажани во Центарот за култура во Струга на крајот од годинава. Тие се дел од проектот „Граѓаните на нашиот град, главни актери или неми статисти“ во организација на здружението за афирмација на култура „Багер Генезис “,  поддржан од Civica Mobilitas.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани