Наградата му се се доделува за посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило. Колегите на Селман, едногласни дека наградата оди во вистински раце. Кадри вели дека е искрено среќен за наградата и очекувал дека некој ќе знае да ја цени неговата 36 годишна работа во јавното претпријатие, односно во РЕ “Паркови и зеленило“. Селман наградата ќе ја прослави со колегите од ЈП “Охридски Комуналец“, кои денес го одбележуваат својот празник.