Заводот за кардиологија ќе лекува пациенти со корона.
Специјализираната болница за кардиоваскуларни болести,Охрид ,во период кога бројката на COVID позитивни пациенти рапидно расте ,а болничките капацитети се полнат,во комуникација и координација со Министерот за здравство, доколку е неопходно ќе ги стави на располагање сместувачките капацитети на крило А за третман на COVID позитивни пациенти, кое е физички и функционално одвоено од останатиот болнички дел.
Мора да напомениме дека нашата болница ги згрижува најкомплексните случаи со кардиоваскуларна и др патологија од цел регион: Охрид, Струга, Вевчани,Кичево,Дебар,Ресен,Битола,Прилеп,Крушево ,Демир Хисар. Во последниов период одделот за интервентна кардиологија,одделот за интензивно и болничко лекување како и амбулантно поликлиничкиот оддел бележи зголемување на обемот на работа .
Но, во едно вакво време на здравствена криза, ние не можеме да останеме надвор од здравствениот систем и секако доколку има потреба ќе се вклучиме во решавање на новонастанатата ситуација во координација со Министерството за здравство.