Сообраќајците контролираа и казнуваа

 

Еден возач бил во алкохолизирана состојба.

Вчера, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира акциски контроли, со цел подигнување на сообраќајната безбеднсот во градот.
Притоа, полициските службеници регистрираа осум прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на моторни возила, еден прекршок сторен од моторциклист за неносење заштитна кацига (шлем) и еден возач на патнички автомобил кој управувал под дејство на алкохол, кој е исклучен од сообраќај, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Димоски нагласи дека при контролата во Охрид не се затекнати такси превозници кои вршат нелегален такси превоз на патници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани