Вработена во Музејот на вода се товари за финансиска проневера

Вработена во Музејот во Градиште се товари за финансиска проневера. 

 Поради постоење основи на сомнение дека сторила казнено дело „проневера во службата“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ц.(40) од Охрид. Таа, во периодот февруари-декември минатата година, во својство на службено лице  на локалитетот „Музеј на вода“– Градиште во Охрид,  сметководствено не прикажувала дел од прометот а финансиските средства не ги внесла на сметката од работодавачот „Завод за заштита на споменици на културата и Музеј – Охрид“. На тој начин, пријавената се стекнала со против-правна имотна корист од  65..730,оо  денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани