Во понеделник ќе се знае дали ќе има нови рестрикции за спречување на ширењето на корона вирусот.
Во подем е бројот на заразени инпочинати лица од Ковид 19.Вчера беа регистрирани нови 1.295 случаи, а починале 26 лица.
Нема нова препорака за дополнителни рестриктивни мерки за спречување на ширењето на ковид-19, велат од Министерството за здравство.
Ова било одлучено на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, кои телефонски се консултирале со останатите членови на Комисијата.
„Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето, дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд“,се вели во соопштението.