Приведен охридски нарко дилер

Полицијата му пронашла 80 опаковки со марихуана.

На 12.11.2020 во 21.30 часот, на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, при преглед извршен врз Т.Љ.(31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со  различна тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид. Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани