Оппштина Струга започна отстранување на Кајакасркиот клуб, спортистите го бранеа

Драма во кајакарскиот клуб во Струга, сместен  во само  една  камионска приколка  на Женска плажа. 

 Со часови  кавги, расправии и  турканици. Под  силно полициско обезбедување, инспектори, адвокати,  пајак камион и багер општината утрово започна со  отстранување   времениот објект на клубот „Црн Дрим“ ,а кајакарите го бранеа со жив штит.

Се качуваа на багерите , полицијата ги туркаше. На крајот се качија на камионската приколка , за да не може да ја отстранат.

 Од сите дивоградби на крајбрежието  на општинските власти им смета  само клубот, вели тренерот., кој појаснува дека поднеле барање за локација ,  но не им одговарале.

„Ова е атак на сппортот ние дојдовме со една обична приколка да сметаме а се бавиме со спорт не со шоу бизнис, додека цело Охридско езеро е бетонирано. Ова е срам“.,вели Игор Малески тренер на Кајакрски клуб Црн Дрим.

Во кајакарскиот клуб тренираат четириесеттина млади и докажани кајакари, двајца од нив се подготвуваат за Олимпијада. Спортистите велат ова е  напад на спортот во државата.

– „Доколку не отстранат ние нема да имаме каде да тренираме едноставно ќе се повлечиме од спортот јас сум бил на многу светски  и европски натпревари ова е срамота од општина Струга, срам за спортот ке го уништат кајакот во македојнија“, вели Никола  Малески кајакар.

– После мачна расправија кајакарите со жив штит го бранеа клубот, стенд ап.

Полицијата  ги  туркаше и  ги убедуваше да се тргнат. Вработените во приватната фирма која го отстанува објектот   се караа со спортистите,  а упатија закани и кон новинарите.

Општинскиот инспектор кој беше на лице место вели дека има решение за отстранување на објектот.

Објектот е поствeн е  без одобрени на општина Струга нелегално. Иако соппственикот го знаевме не можевме да му доставиме ниту записник ниту решение“ , вели Трифун Танески комунален  инсппектор.

Адвокатаот на клубот  пак го тврди спротивното, општината  започна отстранување на објектот  без уредно доставено  решение , без извршител  и без судски налог. Клубот Црн Дрим  Струга постои од 1948 година, во него тренираат кајакари од Струга,  Охрид и Дебар.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани