Во една недела во Охрид починаа 8 лица од корона, во Струга 4

Ковид билтен на ЦЈЗ Охрид за период од 07 до 13 ноември 2020 година. 

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 300 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 157 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 362 лица и тоа кај 207 лица од општина Охрид, кај 124 лица од општина Струга и кај 31 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 85 лица од Охрид, 38 лице од Струга и 14 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица од Охрид и 4 лица од општина Струга.
– е, а во Дебар 91.

Од почетокот на епидемијата до 13 ноември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2540 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1099 лица во општина Охрид и Дебрца, 1035 лица во општина Струга и Вевчани и 406 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 641, од Струга се 727, а од Дебар и Центар Жупа се 297 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 40 починати пациенти, од општина Струга се починати 80, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани