Затворија дел од угостителите во Вевчани

Дел од угостителите во  Вевчани ставаат клуч на врата.

Поради се` поголемиот број на позитивни случаи  со корона вирусот, добороволно одлучија да ги затврат угстителските објекти.

Во општина Вевчани има  100 тина заболени од корона вирусот, педесеттина  од нив  се лекуваат во дневната болница во Здравствениот дом „Светозар Чочороски“.

-„Сами ја покренаа оваа иницијатива во овој период да се затворат објектите. Дел од нив сами објавија во текот на вчерашниот дел на своите фејсбук страни дека не работат на неопределено време се додека се смири ситуацијата“ , вели градоначалникот Сашо Јанкоски.

Заболени од корона вирусот  со полесни симптоми не ја почитуваат  мерката за самоизлоација. Тоа е и една од главните причини за ширењето на вирусот, смета градоначалникот, кој од пред една недела доби позитивен тест па работата ја извршува од дома.

„Поголема контрола на позитивните лица , кои се во изолација и оние кои се превентивно во изолација без позитивен тест,  бидејки имаме информација дека  се шетаат  низ Вевчани иако се позитивни. Иако носат маски поголеми се шансите за ширење на оваа тешка болест“ , додава Јанкоски.

Дел од угостителите продолжуваат  со работа согласно протоколите за заштита од корона вирусот. Култниот ресторан Виа Игнација е отворен, менаџерите велат строго се почитуваат препораките и од страна на вработените и од посетителите.

На итната онлајн седница на Општинскиот кризен штаб Вевчани што се одржа вчера,  се апелира полицијата построго да ги спроведува препораките за заштита од вирусот. Граѓаните се повикуваат  да не празнуваат имендени, слави и родендени. Во општина Вевчани има 2400 жители и десетина угостителски локали.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани