Левица обвинува за нова дивоградба во Трпејца

Деновиве, по бурната реакција на жителите на Трпејца, беше обелоденета уште една дивоградба, овој пат во ,,Националниот парк Галичица“, пишуваат од Левица Охрид. 

 

Според локалното население, сопственикот на дивоградбата е вработен во ,,Националниот парк Галичица”. Во нивната реакција беше кажано дека ним им се рушеле обични ѕидчиња, а за оваа дивоградба никој не реагира.
Неколку прашања до градоначалникот Константин Георгиевски и до локалната самоуправа во Општина Охрид:
-Доколку е точно тврдењето на жителите на Трепејца, кој е тој вработен во ,,Националниот парк Галичица”, кој го штити и од каде му е храброста да гради во заштитен појас на НП Галичица?
-Зошто наместо да ги спроведувате препораките на УНЕСКО за рушење на дивоградбите, вам секојдневно ви никнуваат нови дивоградби?
-Дали вие како татко на градот, имате воопшто способност да се справите со урбаната мафија и конечно да постапите по препораките на UNESCO?
-Дали во Охрид постои градежна инспекција? Ако постои, зошто не функционира? Можеби поради страв од политичката елита и урбаната мафија, или поради корупција, која ја волја на вистината, длабоко е навлезена во секоја пора на нашето општество?
-Дали на градежните инспектори поморален чин им е молчењето, за кое најверојатно се платени од некого, или да си ја работат работата за која ги плаќа народот?, стои во соопштението од Левица. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани