Со финансиска поддршка на Општина Охрид извршено е реновирање на санитарните јазли во новиот објект на училиштето. Поставени се нови плочки, извршено е молерисување на ѕидовите и ќе биде поставена нова санитарија. Претходно, во овој училишен објект беше поставена нова дограма на првиот кат, а во тек е промена на дограмата и во училишните простории на приземјето. Исто така, беше извршено молерисување на внатрешните ѕидови во стариот училишен објект, информира градоначалникот Константин Георгиески.