Октишанец со шипка нападнал соселанец, вевчанец „заработил“ кривична

Вевчанецот сакал „да наплати“ наводен долг.

На 18.11.2020 година во 12.45 часот во струшкото село Октиси е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен со метален предмет од А.М. врз Ќ.И.(61), двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Г. (36) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“. Пријавениот, на 23.10.2020 година во Струга, физички го нападнал А.Т.(42) од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани