На вечерашната 23. седница Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје поради здравствената криза со корона вирусот.
Одлуката е на сила во следните 30 дена.
Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена. Претходно на својата 10-та седница вчера, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на земјата.
Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.